Јаник Синер на доминантен начин, со три победи и без загубен сет, дојде до пласман во полуфиналето на завршниот АТП-турнир во Торино. Италијанецот во третиот меч од групната фаза го совлада американскиот тенисер, Бен Шелтон, со максимални 2-0.
Првиот сет му припадна на Синер со 6-3, но Шелтон во вториот пружи достоен отпор и го загуби дури во тај-брејкот со 7-3 на поени.
Противник на Синер во утрешното полуфинале ќе му биде Алекс де Минор од Австралија.
Италијанецот има 16 победи во низа, откако на почетокот на октомври го предаде мечот од второто коло на АТП-турнирот во Шангај. Синер на последните три турнири на кои настапи, успеваше да дојде и до трофејот, а тоа се случи на „Шестте крала“ во Саудиска Арабија, како и на АТП-турнирите во Виена и Париз.

