29.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Синер за малку ќе загубеше сет, но се спаси со мајсторија во стилот на Ѓоковиќ (Видео)

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер се пласира во четвртото коло на Мастерсот во Синсинати, но не беше задоволен како играше против Габриел Диjало, против кого за малку ќе го загубеше вториот сет.

Синер победи со 6-2, 7-6, а во тајбрејкот во вториот сет, Дијало водеше со 6-5 и имаше сет-топка на свој сервис. Притиснат до ѕид, Синер во стилот на Новак Ѓоковиќ кој многупати го правел ова и освојувал клучни поени, изведе мајсторски ритерн и не дозволи да го загуби сетот.

Синер не беше задоволен од својот сервис, па само што го напушти централниот терен во Синсинати, замина на еден од терените за тренинг и одработи сесија и сервираше околу 100 пати.

- Оглас -

Најнови вести