Најдобриот светски тенисер, Јаник Синер, за првпат во кариерата го освои гранслем-турнирот Вимблдон, а тоа му донесе и огромна финансиска награда дури од 3 милиони фунти, што во споредба со лани е поголема награда за 11,1 проценти, но Италијанецот дома нема да ја понесе сумата во целост.
Со оглед на тоа што Синер не е жител на Велика Британија, живее во Монако, ќе мора да го плати данокот за лица кои не се жители таму, што е дури 45 проценти од спортскиот приход. Затоа Синер ќе може да понесе дома околу 1.650.000 милиони фунти, или околу 1,95 милиони евра, во случај ако му се наплати целосната даночна стапка од 45 проценти.
Поразениот финалист Карлос Алкарас освои 1,52 милиони фунти бруто, а Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц, кои испаднаа во полуфиналето, заработија по 775 илјади фунти без данок.