Јаник Синер неочекувано загуби сет против Французинот Атман во мечот од второто коло на турнирот во Пекинг, но се пласираше во следната рунда каде го чека пресметка со Унгарецот Марожан.
Синер го доби првиот сет со 6-4, вториот го загуби со 5-7, и тоа како да го освести дека мора да игра подобро ако сака победа. Италијанецот одговори на предизвикот и со чисти 6-0 го разби противникот во третиот сет, но треба да се знае и дека Атман во финишот имаше грчеви во ногата и одвај се движеше, олеснувајќи му ја работата на Синер.
Ако Синер го освои турнирот во главниот град на Кина, каде лани беше поразен во финалето, ќе придодаде нови поени на АТП листата и ќе ја намали негативата во однос на лидерот Карлос Алкарас кој игра на турнирот во Токио и засега е сигурен, иако има проблеми со повреда на глуждот.