„Сино-црното дерби“ за Аталанта

Аталанта го потопи Интер со 4:1 во првиот денешен меч од италијанската Серија А. За Интер ова е прв пораз во лигата од 15 септември наваму, па сега Наполи не треба да се грижи за второто место.

„Бергамаските“ ги најдоа слабите точки на Интер, а тоа се примен гол во прво полувреме и слаба одбрана при прекини. Атланта поведе во 9 минута, и тоа беше прв меч на Интер од август наваму, на кој прими гол во прво полувреме.

Потоа Икарди даде гол од пенал и тоа е негов рекорден петти меч по ред на кој се запиша во листата на стрелци, но нема по добро да го памети ова гостување по дождливо време.

Манчини со гол со глава ја врати предноста на Аталанта, речиси ист таков го даде и Албанецот Џимшити, а откако Брозовиќ доби црвен картон, дебаклот беше комплетиран во 94 минута. Дефанзивците на Аталанта имаат дадено 9 гола и овој тим има најголем придонес во нападот од своите одбранбени играчи, од било кој друг клуб во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести