28.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Синоќа Јокиќ беше главна фаца, а вечерва тоа треба да биде Дончиќ, Кари оди на мегдан против најдобриот тим (Фото)

Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат осум натпревари за кои Sport Life подготви по 154 комбинации за игра.

Дури три меча ќе се играат во европски термин, потоа два ќе почнат точно на полноќ, а останатите три по полноќ.

Пограмата ќе започне со дуелот меѓу Далас маверикс и Филаделфија сиксерс. Ако синоќешните мечеви ги одбележа Никола Јокиќ со нова одлична партија во триумфот над ЛА Лејкерс, вечерва се очекува тоа да биде Лука Дончиќ.

Дончиќ е прв стрелец во НБА-лигата со просечни 34,5 поени по натпревар, а интересно е што на првиот меѓусебен дуел сезонава, словенечкиот кошаркар не успеа да постигне ниту 20 поени, даде 19. Овој пат, за очекување е да не ја повтори слабата игра туку да биде на нивото од последниот меч од синоќа кога во дуелот со Бостон даде 37 поени.

Далас е голем фаворит за триумф (1.38), а работата ќе му биде олесната поради неиграњето на најдобриот играч на Филаделфија, Џоел Ембид, кој нема да игра до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Интересен натпревар се очекува да се одигра од 21.30 часот во кој најдобриот тим во НБА, Бостон селтикс (47-12) го пречекува Голден стејт вориорс (32-27). Овој дуел ќе претставува пресметка меѓу Џејсон Тејтум од едната и Стеф Кари од другата страна.
Очекувано, квотите се на страната на Бостон кој сезонава има само еден пораз на домашен терен (1.30).

Според кворите, победи може да се очекуваат и на Орландо меџик против Детроит, на Кливленд над Њујорк, на Торонто над Шарлот…

Во понудата на Sport Life тука е и популарната игра „плус-минус“ поени и во која може да погодувате за 65-мина кошаркари.

 

- Оглас -

Најнови вести