Синоќа Зомер, вечерва Донарума, за финале е потребно и голманиште!

Голманите може да бидат клучни во успесите на фудбалските тимови, а доказ за тоа се дуелите од реваншите во полуфиналињата на Лигата на шампионите.

Синоќа Јан Зомер феноменално го чуваше голот на Интер против Барселона, а иако прими три гола од најопасниот напад на светот, на чудесен начин спречи да прими барем уште толку и беше еден од клучните поединци на италијанскиот тим.

Нешто случно се случи и вечерва, Џиџи Донарума е јунак на ПСЖ. Со неговите одбрани даде огромен придонес во пласманот во финалето на ЛШ. Да не беше толку расположен Донарума, можеби Арсенал ќе беше во финале, но Џиџи ја докажа својата класа и квалитет со кои ги спречи Топчиите да му дадат гол во раната фаза и покрај трите супер шанси.

- Оглас -

Најнови вести