Синот на Анчелоти станува главен тренер

Давиде Анчелоти, кој работи како асистент на својот татко Карло во Реал Мадрид, во следната сезона би можел да биде главен тренер.

34-годишниот Давиде досега никогаш не работел како главен тренер, а иако минатата година имаше шпекулации дека конечно ќе стане главен тренер на фудбалски тим, тој одлучи да остане во Реал Мадрид, но се чини дека летово ќе се променат работите.

Според Радио Монте Карло, францускиот прволигаш Ремс веќе е во преговори со Давиде Анчелоти и се очекува целата работа да биде завршена пред финалето во Лигата на шампионите во кое на први јуни Реал Мадрид ќе игра против Борусија Дортмунд.

Ремс минатата сезона ја заврши на деветтото место во Лига 1, а екипата ја предводеше Вик Стилл кој немаше тренерска лиценца, па клубот по секој меч плаќаше пенали.

- Оглас -

Најнови вести