Синот на Леброн Џејмс го одигра мечот на кариерата, со еден потег ги воодушеви сите (Видео)

Брони Џејмс го одигра најдобриот меч откако е дојден во развојната Г-лигата. Кошаркарот кој има договор со Лос Анџелес лејекрс, а е син на легендарниот Леброн Џејмс, сезонава одигра неколку меча за славнот НБА тим, но потоа беше прекомандуван во Саут беј лејкерс, тим кој се натпреварува во развојната лига.

Саут беј лејкерс славеше со 122:110 против Рип сити ремикс, а Брони блесна и го одигра мечот на кариерата. Синот на Леброн заврши со 31 поени погодувајќи 10/22 од поле, од кои 5/11 беа шутеви за три поени, а имаше и три скока, како и по две асистенции и освоени топки.

Брони го имаше и потегот на мечот кога во еден напад направи пробив и атрактивно со една рака ја заби топката во противничкиот кош и тоа додека центарот се обидуваше да го блокира.

Брони Џејмс пред почетокот на оваа сезона дојде во ЛА Лејкерс и тоа како 55-ти пик на НБА драфтот. Со неговото доаѓање се оствари сонот на Леброн да биде првиот во историјата на НБА кој успеал да заигра на еден меч заедно со неговиот син.

Чудно за пик кој е 55-ти на драфтот, Брони доби четиригодишен договор со Лејкерс и тоа за сума од 7,9 милиони долари. Сезонава на 11 меча играше за Лејкерс и за нешто повеќе од две минути поминати на терен е со просек од 0,3 поени, 0,2 скока и 0,3 асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести