Специја со 2:1 славеше над Интер, во првиот меч од 26 коло во италијанската Серија А. Со овој триумф Специја освои три важни бода во трката за опстанок, додека Интер се повеќе си ја загрозува позицијата која води во Лигата на шампиони за следната сезона.
Интер имаше шанса прв да поведе, но Лаутаро Мартинез промаши пенал во 13 минута. Аргентинскиот репрезентативец го промаши четвртиот пенал сезонава, од осум шута. Единствено голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема има промашено повеќе пенали од Лаутаро од играчите во Топ 5 лигите.
4 – Lautaro Martinez has missed four of his eight penalties taken since 2021/22 – in the Big-5 European Leagues only Karim Benzema (5/17) has missed more. Waste.#SpeziaInter #SerieA
— OptaPaolo (@OptaPaolo) March 10, 2023
Даниел Малдини, кој е син на легендарниот капитен на Милан, Паоло Малдини, донесе голема радост за навивачите на Специја со голот во 55 минута. Погодокот на Малдини може да го видите ТУКА.
Интер израмни во 83 минута кога беше досуден и втор пенал за гостите, а овојпат шутираше Ромелу Лукаку кој погоди за 1:1. Сепак, радоста на гостите траеше кратко, затоа што во 87 минута беше досуден и пенал за Специја. Ударот од белата точка го реализираше Нзола за 2:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.