Тијаго е најстариот син на Лионел Меси и има седум години, а од неодамна влезе во најмладиот тим на школата на каталонскиот гигант, Ла Масија. Уште веднаш Тијаго е посочен како наследник на својот славен татко, а изминатиов викенд 7-годишното дете покажа дека има голем потенцијал.
Тијаго успеа да даде два гола, а шпанските медиуми потенцираат дека тој бил еден од подобрите на теренот и едноставно во него гледаат наследник на Лео Меси.