Синот на Нејмар не знаеше што да направи од среќа кога доби порака од Надал (Видео)

Исклучително убав гест направи тенисерот Рафаел Надал кон синот на фудбалерот Нејмар, со испраќање на видео порака која многу го израдува 10-годишниот Дави Лука.

Дави Лука е дете на најпопуларниот бразилски спортист од кратка врска со Каролина Дантас, од времето кога Неј имаше 19 години, а Карол беше уште малолетна. Идол на синот на Нејмар е Надал, па ѕвездата на ПСЖ го замоли тенисерот да го поздрави син му преку видео порака.

„Дави Лука, како си? Слушнав дека си бил да гледаш еден од моите мечеви, жалам што не можев да те поздравам, поради вирусот тоа не е можно. Се надевам дека кога ова ќе заврши, пак ќе дојдеш, и ќе се запознаеме. Ти праќам бакнежи“ – рече Надал.

Реакцијата е бесценета: шок, неверување, па насмевка од уво до уво.

„Се шегуваш. Мамо, ме лажеш. Мамо, многу сум среќен, тој зборуваше со мене… Надаал!“ – беа зборовите на Дави Лука.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести