Србија имаше неуспешни квалификации за пласман на Светското првенство во 2026 година, откако заврши на третото место зад Англија и Албанија. Токму дуелите против Албанија беа клучни за Србија да не успее да биде барем во баражот, откако Албанците победија со 1:0 на гости во Лесковац.
Албанија ќе игра во баражот за Мундијалот и тоа под водство на селекторот Силвињо. Албанија на 26 март ќе мора да ја победи Полска на госити, а ако тоа се случи ќе игра и во финалето на баражот за пласман на Мундијалот.
Уште три месеци има до клучните натпревари, а Силвињо ужива со своето семејство. На социјалните мрежи, ќерката на Силвињо, популарната Тати објави фотографија на која се гледа дека нејзиниот брат носи дрес на Србија.
()
Оваа фотографија наиде на реакција кај албанските навивачи, за потоа Тати да ја избрише фотографијата и да се извини.
„Испрено ми е жал. Мојот брат студира во Милано и се дружи со момче кое му го подарил дресот. Целосно сте во право, јас немав престава дека тоа е дрес на Србија, навистина не следам фудбал. Веќе ја избришав фотографијата и тоа нема да се повтори. Благодарам на разбирањето“, напиша Тати Мендеш на социјалните мрежи.
Interesting choice of shirt from Sylvinho’s son🙃 pic.twitter.com/bXOH1EZIR1
— Shefqet Fejzo🇦🇱 (@ShefqetFejzo11) December 25, 2025

