4.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Синот на Зидан и официјално се најде на списокот со повикани фудбалери за селекцијата на Алжир

Еден од синовите на легендарниот Зинедин Зидан, Лука, и официјално се најде на списокот со повикани фудбалери за селекцијата на Алжир. Лука Зидан е роден во Марсеј, но поради корените на неговиот татко има право да настапува и за земјата од Северна Африка.

Голманот има настапи за Франција само во младинските категории, па пред извесно време самиот побара од ФИФА да го промени спортскиот пасош. Тоа му беше дозволено само пред две недели, а селекторот на Алжир, Владимир Петковиќ, веднаш го повика за натпреварите против Уганда и Сомалија.

На Алжир му е потребна само една победа до крајот на квалификациите за да го потврди пласманот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Дваесет и седумгодишниот Лука Зидан во моментов е член на шпанската Гранада и вреди 1,5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести