Репрезентацијата на Шпанија ќе игра во големото финале на Евробаскетот откако со 96:91 предмалку ја совлада Германија и тоа сред Берлин во „Мерцедес арената“.
Шпанците речиси и никој да не ги вбројуваше меѓу фаворитите, а тие успеаја да ги демантираат сите и да се борат за златото и тоа против Франција.
Средбата против Германија беше далеку поинтересна од првото полуфинале, „црвената фурија“ до триумфот дојде благодарение на одличната одбрана во последната четвртина каде што постигнаа 25 а примија 12 поени.
Лоренцо Браун имаше нова одлична партија постигнувајќи 29 поени, а на спротивната страна Денис Шрудер уфрли 30 коша, но немаше реална поддршка од соиграчите.
Големото финале е закажано за во недела од 20:30 часот, додека во мечот за третото место противник на Германија ќе и биде Полска.