Антонио Рудигер веројатно ќе може да игра за Реал Мадрид против Барселона во популарното Ел Класико на 16 октомври, во недела од 16.15 часот, иако тоа изгледаше невозможно по вчерашната повреда против Шахтар во Лигата на шампионите.
По деталните прегледи, кај германскиот репрезентативец е утврдено дека нема скршеници на ниту една коска на лицето по страотниот налет врз него на голманот на Шахтар, Анатоли Трубин.
Рудигер речиси сигурно ќе биде во комбинација за мечот на „Сантијаго Бернабеу“ во недела, а веројатно ќе мора да носи заштитна маска.
https://twitter.com/JLSanchez78/status/1580131927159283713?s=20&t=i_UfJ7eEFmiLweTVRyqx6A
Германецот беше јунакот на актуелниот европски и шпански првак вчера во Варшава и тој го даде голот за 1:1 во 95-тата минута, но притоа доби бокс од Трубин, во обидот на голманот на Шахтар да интервенира и да спречи израмнување.
Рудигер беше целиот крвав на лицето и се стравуваше од потешка повреда, но, за среќа, нема никакви скршеници и ќе може да игра на вечното шпанско дерби.