Македонската фудбалска репрезентација во недела од 18:00 часот го игра историскиот натпревар против Исланд за влез во баражот за СП во Катар.
По тој повод, Фудбалската федерација на Македонија ги отвори и источната и западната трибина на арената „Тодор Проевски“.
Цените на картите за овие трибини можат да се купат преку спацијализираниот портал МК Тикетс, а цената за влез на овие трибини е 100 денари.
Секако, ќе мора да се почитуваат сите ковид-19 протоколи, а на стадион ќе можат сите тие што имаат сертификат за вакцина или прележаност на овој вирус.
Максималниот капацитет ќе биде од малку повеќе од 16 илјади навивачи, односно 50 одсто од капацитетот на арената.