Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд е прогласен за најдобар фудбалер во Бундеслигата за сезоната 2020/2021. Младиот Норвежанец доби најмногу гласови од фановите и го доби признанието, но нема реален човек кој нема да каже дека ова не е заслужена награда. Во сезона кога Роберт Левандовски со германски рекорд од 41 гол во една сезона го надмина Герд Милер и му донесе титула на Баерн Минхен, смешно е да се гласа за некој друг.
Германските љубители на фудбалот не сакаа Левандовски да го урне рекордот на Милер, па можеби одлучија на ваков начин да го казнат голгетерот на Баварците и да го изгласаат Халанд кој даде 14 гола помалку од Полјакот. Халанд беше трети стрелец во Бундеслигата зад Левандовски и Андре Силва.