Сите пет натпревари во Квотите на денот на Sport Life сè со ист коефициент, тука е и Македонија (Фото)

Сите денешни пет предложени Квоти на денот во Sport Life имаат идентичен коефициент 2.25, а вкупната квота изнесува 57.66.

Првиот предлог е дуелот меѓу Турција и Велс и тука се очекува домашната селекција да не загуби, а притоа да постигне најмалку два гола.

Швајцарија во Луцерн ќе ја пречека Романија и ја има улогата на голем фаворит. Тука предлогот е да се одигра на голови на Швајцарците, односно да постигнат барем еден гол во првото и најмалку два гола на целиот натпревар.

Во дуелот на двете селекции со максимален учинок во досегашните квалификации, Франција е фаворит против Грција. Предлогот на Sport Life е да одиграте дека Галските петли ќе ја забележат четвртата победа во квалификациите и дека ќе има повеќе голови во второто полувреме.

Дуелот меѓу Словенија и Данска треба да биде меѓу највозбудливите и тука се очекуваат голови. Предлогот за дуелот што ќе се игра во Љубљана е да се одигра дека ќе има помеѓу еден до три гола и во првото и во второто полувреме.

Последниот предлог е од мечот на Македонија против Англија во Манчестер. Иако немаат победа во претходните два меча против Македонија на домашен терен, Англичаните се фаворити и предлогот на Sport Life е да се одигра дека ќе постигнат барем еден гол во првото полувреме и најмалку три гола на целиот меч.

- Оглас -

Најнови вести