1305 Реал Мадрид – Барселона (21:00)
Сите погледи на светската фудбалска јавност се насочени кон Ел Класико и пресметката на Реал Мадрид и Барселона. 21 часот со нетрпение се очекува, но се очекува и ефикасен фудбал од двете екипи. На меѓусебните дуели на најголемите шпански ривали немало нерешен резултат уште од 2019-тата година, односно цели 17 натпревари во сите натпреварувања. Последните четири натпревари завршија „гол-гол и 3+“, па во тој правец се и очекувањата за вечерачниот натпревар.
Предлог тип: 12 & ГГ (2.03)
1003 Манчестер сити – Саутемптон (16:00)
На дуелот помеѓу Манчестер сити и Саутемптон јасно е кој е фаворитот. „Граѓаните“ се втори на табелата со бод помалку од лидерот Ливерпул, а гостите се претпоследни со само еден бод. Се освен убедлива победа на Манчестер сити на овој натпревар ќе биде големо изненадување, а овој меч ќе биде одлична можност и за Ерлинг Халанд да ја „набилда“ својата статистика со уште неколку гола.
Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.10)
3005 Аталанта – Верона (20:45)
Аталанта веќе пет меча во сите натпреварувања не знае за пораз, а продолжување на одличната серија ќе бара во натпреварот со Верона. На осумте натпреварите на Аталанта оваа сезона се постигнати вкупно 31 гол, што е речиси четири по натпревар, а вечерва во Бергамо гостува едно од најслабите одбрани во Серија А. Верона има четири порази на последните пет меча, а Аталанта ја немаат победено веќе 30 месеци.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.79)
3135 Спартак Суботица – Црвена ѕвезда (18:00)
Актуелниот шампион на Србија, Црвена ѕвезда, е апсолутен фаворит на гостувањето кај Спартак Суботица и нема сомнеж дека ќе дојдат до трите бода. Сепак, одбраната на „црвено-белите“ не им и најдобрата страна оваа сезона. Веќе пет натпревари по ред не успеваат да ја сочуваат сопствената мрежа, а три овие дуели се од првенството на Србија. Црвена ѕвезда примаше голови во победите над Раднички Ниш, ИМТ и Железничар, а последен пат не примија гол на вечното дерби против Партизан пред повеќе од еден месец.
Предлог тип: 2 & ГГ (2.95)
1806 Вердер Бремен – Баер Леверкузен (18:30)
Баер Леверкузен е далеку од формата која ја имаше минатата сезона, но и покрај тоа има заостанување од само три бода позади лидерот Баерн Минхен. „Фармацевтите“ го имаат вториот најдобар напад во лигата, па нема сомнеж дека ќе бидат ефикасни и на гостувањето во Бремен. На последните три меѓусебни натпревари, Баер Леверкузен му даваше по најмалку три гола на Вердер Бремен.
Предлог тип: Т2 1-3I & 1-3II (2.07)