Сите сакаат да бидат стартери, а ѕвездата Вестбрук сам побара да биде резерва (Фото)

Богата е НБА понудата за вечерва, на паркетите во САД и Канада се играат 11 мечеви, а еден од поинтересните е ЛА Клиперс – Хјустон рокетс, сегашниот и поранешниот клуб на ѕвездите Џејмс Харден и Расел Вестбрук.

Брадата и Рас сега се членови на Клиперс, тим кој има серија од шест порази по ред, а интересно е дека Вестбрук сам побара да биде резерва, бидејќи смета дека така за првата постава ќе се овозможи континуитет и нема да има големи падови кога стартерите (Харден, Пол Џорџ, Каваи Ленард и Ивица Зубац) ќе одмораат. Вестбрук сезонава има просек од 14 поени по меч, а своето место во првата петорка ќе му го препушти на Теренс Ман.

Според квотите во Sport Life, Клиперс е фаворит против Ракетите, а за поголем дел од средбите има јасни фаворити, па тука е шансата за заработка ако уплатите тикет.

Што се однесува до индивидуалците, на листата на Sport Life има 71 кошаркари за кои може да погодувате колку поени ќе постигнат. Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо се единствените играчи кај кои границата е поставена на над 30 поени.

- Оглас -

Најнови вести