Сите сакале Меси да остане, но зошто правилото тоа не го дозволи?

Барселона и Лионел Меси постигнале договор за новата соработка, но едноставно тој бил невозможно да се реализира поради надминување на лимитот за плати. Каталонскиот гигант ќе го нарушел финансискиот ферплеј и тоа ќе донесело големи проблеми за клубот.

Лапорта откри дека имал разговори и со првиот човек на Примера дивисион, Хавиер Табес, кој само потврдил дека сите клубови мора да се држат до правилата.

„Сите сакаа Меси да остане. Претседателот на Примера ни одговори дека би било убаво Меси да остане во Шпанија, но едноставно мора да се почитуваат сите правила. Сакам да сонувам дека нешто може да се промени, но мора да живееме во реалноста, а тоа што сега се случува е реалност. Ние со Меси си подадовме рака, постигнавме договор за нова соработка, но тогаш се појави тоа правило, кое едноставно не можевме да го прескокнеме“, вели Лапорта.

Претседателот на Барселона вели дека каталонскиот гигант сега едноставно треба да покаже дека клубот знае да победува и да освојува трофеи и без Меси на теренот.

„На капитените им кажав за тоа што се случува со Меси. Сите чекаа Лео да се врати во соблекувалната и да продолжи да тренира, но тоа нема да се случи. Започнуваме нова ера. Мора да потврдиме дека може да победуваме и без најдобриот фудбалер во светот, а тоа е Меси. „Ги видов лицата на капитените и им реков дека треба да бидат цврсти и тие да бидат лидерите во создавањето на оваа нова ера. Ова е клуб со 122-годишна историја, имало многу периодi, многу ери, сега ова е нивно време“, додава Лапорта, кој даде шокантна изјава дека ако Меси потпишел нов договор, тоа ќе значело и уништување на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести