39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Сите шест меча во Премиер лигата завршија гол-гол, Арсенал повторно има осум бода пред Сити

Богато со голови е денешното коло во Премиер лигата. На сите шест средби кои досега завршија, се тресеа мрежите на сите екипи. Арсенал повторно е на осум бода пред Манчестер сити, откако Топчиите во Лондон со 4:1 го победија Лидс.

Габриел Жезус погоди од пенал во 35 минута за водство на полувреме од 1:0, а во вториот дел имаше многу повеќе погодоци. Домаќинот брзо стигна до 3:0 (голови на Вајт и Жезус), а Кристенсен постигна почесен погодок за Лидс. Серијата погодоци ја затвори Џака кога во 84 минута погоди за 4:1. Со овој резултат славеше и Манчестер сити против Ливерпул.

Во највозбудливиот дуел, Брајтон и Брентфорд одиграа 3:3. Гостите три пати беа во предност, но домаќините израмнуваа. Последниот погодок го постигна Мекалистер во 90 минута од пенал за реми и по еден бод на двете екипи.

Кристал Палас чекаше да дојде 1 април за да се израдува на првата победа во 2023 година. Овој тим имаше низа од 13 средби на кои немаше триумф во оваа година (осум порази и пет нерешени), за денеска да го победи Лестер со 2:1. Погодокот за победа домаќините го постигнаа во 90+5 минута кога погоди Матета. Претходно, Кристал Палас кој губеше со 0:1, стигна до израмнување по еден неверојатен автогол на голманот на Лестер. 

Домашниот терен го искористи Борнмут кој со 2:1 славеше над Фулам, а единствено 3+ не беше на дуелот меѓу Нотингем Форест и Вулверхемптон кој заврши 1:1.

- Оглас -

Најнови вести