Необичен автогол, голманот со задникот ја внесе топката во својата мрежа (Видео)

Голманот на Лестер, Даниел Иверсен е творец на еден од најнеобичните автоголови. На дуелот против Кристал Палас, Иверсен беше немоќен да спречи сам да си ја внесе топката во својата мрежа.

Во 59 минута беше досуден слободен удар за домаќините, а Езе шутираше и ја погоди пречката. Иверсен кој се обиде да го одбрани ударот, беше немоќен кога топката од пречката удри директно во неговиот заден дел од телото и потоа заврши во мрежата.

Овој необичен автогол може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести