Победата над Казахстан в понеделник вечер на Националната арена во Скопје е задолжителна за македонската фудбалска репрезентација, и основен услов да се остане на патот кон Светското првенство.
Македонија ќе биде фаворит на тој меч и тоа ќе биде добра прилика да им се даде силна поддршка на избраниците на Благоја Милевски, и како ретко кога во минатото, да се наполни стадионот против ривал кој не е од европскиот крем.
На стадион не треба да се оди само против Англија, Италија, Германија, Шпанија и другите велесили. Фудбалерите во црвено-жолто треба да почувствуваат дека се сакани, дека имаат поддршка како и кога играат против големите.
Убаво ќе биде в понеделник вечер да се прослави победа на последниот домашен меч во овие квалификации. Затоа, сите на стадион да навиваме за Македонија!