Сите заокружија „кец“ на Јунајтед, но Калверт-Луин сакаше да има уште повеќе драма (видео)

Доминик Калверт Луин буквално во последните секунди ги постави конечните 3-3 во голеадата меѓу Манчестер јунајтед и Евертон, иако сите беа во исчекување на победа на фаворизираните Црвени ѓаволи.

Домаќините доминираа во првото полувреме и сосема заслужено заминаа со предност од два гола на паузата. Кавани ја отвори средбата во 24-тата минута, за на истекот на регуларните 45 минути да зголеми Бруно Фернандеш со неговот ремек-дело од далечина.

Анчелоти успеа да им ја врати самодовербата на своите играчи за време на паузата, па така Евертон на стартот од второто полувреме експресно се врати во игра со головите на Дукуре и Хамес до 52-та минута.

Неизвесно беше до самиот крај, меѓутоа домаќините зедоа здив откако Мектоминај погоди за 3-2 по еден прекин на Јунајтед во 70-тата минута, што требаше да биде доволно за трите бода. Сепак, следуваше голем шок, откако англискиот напаѓач ја искористи мешаницата во последните моменти и заби за конечни 3-3.

https://twitter.com/Ardit_Sinatra/status/1358173233342803969

 

- Оглас -

Најнови вести