Ремек-делото на Бруно вреди да се погледне неколкупати (видео)

Манчестер јунајтед пред паузата замина со двојна предност против Евертон, благодарение на Бруно Фернандеш.

По погодкот на Кавани во 24-тата минута, Португалецот со ремек-дело на неколку минути пред паузата речиси да ги осигура бодовите на Црвените ѓаволи.

Фернандеш имаше време да се намести и да шутира од околу 20 метир бидејќи ниту еден противник не му го затвори просторот, примети дека Пикфорд е далеку од својот гол и успеа преку англискиот голман да ја затресе мрежата.

- Оглас -

Најнови вести