Сити даде феноменален гол во акција која имаше неверојатни 46 додавања (Видео)

Манчестер сити продолжува перфектно во Премиер лигата, откако стигна до шестата победа во исто толку кола. Овојпат Граѓаните на свој терен беа подобри од Нотингем Форест со 2:0 и тоа благодарение на погодоци постигнати во почетните 15 минути од средбата.

Фил Фоден погоди во 7 минута по асистенција на Кајл Вокер, а седум минути подоцна на гол се израдува и Ерлинг Халанд. Во продолжение на дуелот, фаворитот ја контролираше играта и резултатот и на крајот стигна до посакуваната победа.

Погдокот што го даде Фоден ќе се памти затоа што домашните фудбалери успеаа да направат неверојатни 46 додавања, за да на крајот биде затресена мрежата на гостите.

Откако во 2006 година започна да се води ОПТА статистика, само голот на Насер Чадли за Тотенхем против КПР во август 2014 година бил даден по повеќе додавња (48 додавања).

Во останатите два меча кои се одиграа попладнево, Кристал Палас и Фулам ремизираа без голови, додека Лутон и Вулверхемптон одиграа со резултат 1:1.

- Оглас -

Најнови вести