9.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Сити до крајот на сезоната ќе биде без својот најдобар напаѓач

Манчестер сити уште не дозволува Ливерпул да дојде до радоста која ја чека 30 години, а тоа е освојување на титулата. Граѓаните синоќа убедливо со 5:0 го победија Барнли, што значи дека Ливерпул дури и со победа во следното коло уште нема да биде официјално првак во Премиер лигата.

Сити одигра одличен меч на кој блескаше младиот Фил Фоден со два гола, а два погодоци даде и Ријад Марез. Покрај одличната игра, домаќините имаа една голема загуба. Се повреди Серхио Агуеро. Најдобриот стрелец на Манчестер сити го повреди коленото и мораше предвреме да го напушти теренот.

Според тренерот Пеп Гвардиола, се работи за сериозна повреда и можно е Агуеро да го пропушти остатокот од сезоната.

„Повредата делува сериозно. Деталните прегледи ќе утврдат за што се работи“, рече Гвардиола веднаш по мечот.

Денеска во Премиер лигата се играат два меча. Лестер го пречекува Брајтон, а Тотенхем е домаќин на Вест хем во дуелот на двата лондонски тима.

 

- Оглас -

Најнови вести