Сити со петарда ја одложи можноста Црвените да слават титула в среда

Манчестер сити предводен од талентираниот Фил Фоден со 5-0 го разби Барнли и ја спречи можноста Ливерпул веќе в среда да ја обезбеди премиерлигашката титула. Црвените в среда играат со Кристал палас, па и ако победат, математички нема да бидат шампиони уште тогаш, туку ќе чекаат кикс на Сити против Челзи наредниот ден.

Ако Граѓаните ги победат лондонските Сини в четврток, тогаш Ливерпул може титулата да ја освои на 2 јули, и тоа на стадионот на актуелниот првак Манчестер сити, со кого ќе игра големо дерби.

Вечерва на „Етихад“ гостите беа немоќни, па Манчестер сити ја продолжи традицијата да го победува Барнли. Тимот од Барнли не славел во Манчестер уште од далечната 1963 година, а откако Пеп Гвардиола е на клупата, Сити против Барнли дома има 6 победи во шест меча и гол-разлика 24-2. Барнли третпат по ред од „Етихад“ си оди поразен со 0-5.

 

Јунак на мечот беше Фоден, кој излезе од игра во 79-тата минута, а на негово место влезе Лерој Сане. Германецот ги скина лигаментите во коленото во август и оттогаш немаше играно.

 

- Оглас -

Најнови вести