1007 Манчестер сити – Тотенхем (18:30)
Манчестер сити е во катастрофална серија од четири порази по ред, па едноставно на дуелот против Тотенхем нема друг избор, освен да победи. „Граѓаните“ веќе имаат пет бода заостанување позади Ливерпул, а нивниот денешен противник е поразен на последните два меча и во моментов е на 10-тата позиција во Премиер лигата.
Предлог тип: 1 & 0-29min (1.83)
1306 Селта Виго – Барселона (21:00)
Екипата на Барселона после неочекуваниот пораз кај Реал Сосиедад, вечерва ја очекува ново гостување во Ла Лига. „Каталонците“ патуваат во Галиција, на гостување кај Селта Виго, екипа која ја победија со 1-2 и 3-2 на последните два меѓусебни натпревари. Домашните во моментов се во златната средина на табелата, односно на 11-тата позиција, но се многу поблиску до горниот, отколку до долниот дел. Барселона е лидер со шест бода предност пред Реал, кој има и натпревар помалку, па вечерва победата е единствената опција за избраниците на Ханси Флик.
Предлог тип: 2 & Т2 2+ (1.85)
3002 Милан – Јувентус (18:00)
Во дербито на колото во Серија А се среќаваат Милан и Јувентус, екипи кои се една до друга на табелата, но разликата помеѓу нив е шест бода. Четири од последните пет натпревари на Милан завршија со најмалку два гола, а последните два беа екстра ефикасни и имаше шест, односно четири гола. Ефикасно игра и „Старата дама“, па последните пет нивни натпревари завршуваа со по најмалку два гола.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.20)
1807 Ајнтрахт Франкфурт – Вердер Бремен (18:30)
Ајнтрахт Франкфурт е најголемото изненадување оваа сезона во Бундес лигата и со 20 бода во моментов се на третата позиција, веднаш зад Баерн Минхен и Лајпциг. Домашните немаат пораз на последните шест меча, на кои забележаа пет победи и само едно реми, додека Вердер Бремен игра во променлива форма. Ајнтрахт Франкфурт на последните четири натпревари нема пораз од Вердер.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.40)
3143 Динамо Ззагреб – Ријека (17:45)
Динамо Загреб со нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми игра одлично во Лигата на шампионите, но во домашното првенство е на третата позиција, веднаш зад Хајдук и Ријека, која воедно е и нивни денешен противник. „Модрите“ од Загреб на последните 13 натпревари немаат пораз од Ријека, односно уште од 2021-вата година.
Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.35)