Манчестер сити до крајот на сезонава остана без услугите на еден од најдобрите фудбалери од средниот ред на денешницава, Родри. Шпанецот ги скина лигаментите на коленото и ќе паузира околу 10 месеци, па Граѓаните ќе мора брзо да реагираат и да најдат замена за него.
Изборот на Пеп Гвардиола падна на друг Шпанец, Мартин Зубименди, од екипата на Реал Сосиедад. Според шпекулациите од Островот, Манчестер сити за услугите на Шпанецот ќе плати 60 милиони евра.
Она што е интересно за овој фудбалер е тоа дека летово тој се поврзуваше со трансфер во Ливерпул, но не дојде до реализација. Зубименди целата кариера ја мина во екипата од Баскија, одигра 198 натпревари и постигна девет гола.