Пет натпревари со квоти помеѓу 1.95 и 2.50 се дел од Квотите на денот на Sport Life. Очекувано, во понудата се најдоа двата осминафинални натпревари од Лигата на шампионите, но и три меча од англиската Чемпионшип дивизија. Вкупната квота на петте предлози е 51.7.
Ефикасен меч се очекува да одиграат екипите на Бирмингам и Блекбурн, а понудената квота од 1.95 ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи, но голови да има и во двете полувремиња.
Лестер е фаворит во дуелот против Шефилд В. па очекувањата се дека домашните ќе постигнат барем по еден погодок во двете полувремиња. Доколку овој услов биде исполнет, квотата од 2.15 ќе биде добитна.
Понудената квота од 2.10 за мечот помеѓу Свонси и Лидс ќе биде добитна само ако победат гостите, но и ако во првото полувреме биде постигнат најмалку еден погодок.
Најголемата квота во понудата е онаа за дуелот помеѓу Копенхаген и Манчестер сити, дури 2.50, а ќе биде добитна само доколку Граѓаните имаат водство на полувремето и на крајот победат во натпревар на кој ќе бидат постигнати најмалку три погодоци.
Реал Мадрид сигурно нема да загуби на гостувањето кај Лајпциг во Лигата на шампионите, а доколку тоа се случи, а притоа натпреварот заврши „гол-гол“, квотата од 2.35 ќе биде добитна.