Сити ќе тргне силно, Ливерпул нема да загуби, ПСЖ ќе слави титула

Битките за полуфинале во ЛШ завршуваат денеска, претпоставката е дека ќе се радуваат два англиски тимови. Обложувалниците Sport Life во квотите на денот ви предлагаат да играте дека Манчестер сити ќе даде гол во првите 29 минути и ќе го победи Тотенхем, а Ливерпул нема да загуби ниту на реваншот со Порто.

 

Манчестер сити – Тотенхем (21.00 часот)

И на првиот меч во Лондон, Сити беше фаворит, но не само што не победи, туку загуби, па сега ќе мора да брка победа од два гола разлика. Домашните од првата минута ќе тргнат во топење на негативата и реално е да се очекува дека одбраната на Тотенхем нема да ги издржи налетите и дека ќе прими гол во првиот половина час од натпреварот. На свој терен, Сити имаа 22 победи на 23 меча, а Тотенхем во последно време не е познат како опасен гостин.

Предлог тип: 1 & 0-29 мин. (2.05)

 

Порто – Ливерпул (21.00 часот)

Ова треба да биде рутинско одработување на пласманот во полуфиналето за „црвените“. Порто знае да биде незгоден, но традицијата и квалитетот се на страната на Ливерпул. Порто ќе напаѓа на почетокот, но една контра на Салах и Мане може да ги смири. Португалскиот тим трипати се сретнал со Ливерпул во последната година и уште нема дадено гол.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.20)

 

Нант – ПСЖ (19.00 часот)

Веројатно дојде денот кога ПСЖ ќе ја прослави својата нова титула. Победа во Нант ќе значи нов трофеј за „светците“ кои, според најавите, ќе настапат без Мбапе. Нант е во безбедната зона, а има ужасна традиција во пресметките со тимот од Париз, против кого ги загуби последните 18 соочувања.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.00)

 

Лацио – Удинезе (19.00 часот)

Лацио брка излез на европска сцена, а Удинезе се бори за опстанок. Лацио дома од 21 меч, загуби само четири, од кои три беа против Јуве, Милан и Интер, тимови многу посилни од Удинезе. Тимот од Удине не знае за победа на последните 12 гостувања. Лацио ги доби последните пет меѓусебни дуели, од Удинезе не загубил од 2013 година.

Предлог тип: 1 & 2-3 (2.80)

 

Партизан – Раднички (18.00 часот)

Ова е дуел од полуфиналето на Купот на Србија. Белградските „црно-бели“ се далеку од борба за титулата во лигата, па Купот на Србија им е шанса да освојат некој трофеј. Сепак, Раднички сезонава игра добро, а меѓусебните дуели со Партизан беа различни (едниот ефикасен со голови на двете страни и нерешен исход, другиот 1-0 за нишкиот тим). Домашните ќе пробаат да победат и со предност да одат на реваншот.

Предлог тип: 12-1Х (1.91)

- Оглас -

Најнови вести