Манчестер сити славеше со 3-1 на гостувањето кај Брентфорд и ја прекина мини-серијата од два порази по ред против лондонските Пчели.
Фил Фоден ги даде сите три гола за првакот и беше творец на пресвртот откако домашните поведоа со 1-0 и најавија ново чудо. Сепак, до сензација не дојде и на Пеп Гвардиола не му се случи првпат во тренерската кариера да загуби трипати по ред од еден ист ривал.
Четирите гола помогнаа ова коло во Премиер лигата да биде најефикасно во историјата откако во лигата има 20 клуба.
Манчестер сити има два бода помалку од лидерот Ливерпул и в сабота ако Граѓаните го победат Евертон, ќе избијат на првото место, макар и привремено.