30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Сити му нуди спас на Меси, Барселона подготви трансфер листа со Алба, Суарес, Ракитиќ, Дембеле….

Манчестер сити му нуди спас на Лионел Меси од хаотичната ситуација во Барселона, иако и кај нив атмосферата по третата по ред елиминација во Лигата на шампионите не е најсјајна.

Меси е незадоволен од состојбата во Барселона, особено по дебаклот од 2:8 против Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а долго време се шпекулира дека е можен трансфер во Интер.

Сега се приклучи и Манчестер сити, според пишувањата на каталонските медиуми, а повторни би се споила добитната комбинација со Пеп Гвардиола што освои два пехари во Лигата на шампионите, или вкупно 14 трофеи во различни конкуренции за четири сезони.

Каталонските медиуми објавија и дека се подготвува комплетен ремонт во Барселона и дека веќе постои и трансфер-листа со дури 17 играчи кои можат да си заминат.

Се најавува дека на неа има и звучни имиња од калибарот на Луис Суарес, Жорди Алба, Иван Ракитиќ, Осман Дембеле, Умтити….

Барселона наскоро треба и да го објави името на новиот тренер, што ќе го замени Кике Сетиен, кој доби отказ по лисабонската хаварија што и се случи на каталонската гордост.

Во комбинација за нов тренер се Покетино, Куман, Алегри и Анри.

- Оглас -

Најнови вести