Фудбалската легенда е очаен тренер, ама и главен кандидат за кормилото на Барселона

Тјери Анри може да биде изненадувањето во Барселона, а каталонските медиуми објавија дека поранешната ѕвезда на тимот сега е главен кандидат за заменик на Кике Сетиен.

Во игра за кормилото на Барселона по отказот за Сетиен се и Маурисио Покетино, Масимилијано Алегри и Роналд Куман.

Анри имаше блескава фудбалска кариера, дел од неа и тоа три сезони мина и во Барселона и постигна 49 гола, а освои два пехари во Ла Лига, еднаш се искачи и на европскиот трон со триумф во Лигата на шампионите, а има и по една титула во Копа Дел Реј, во европскиот Суперкуп и во светскиот куп на ФИФА.

Но, колку беше добар фудбалер, толку не му оди во тренерската кариера што ја почна во Монако, еден од клубовите за кои играше.

Во клубот од Кнежевството ја почна тренерската кариера во октомври 2018 година, но по само 4 победи во 20 меча брзо доби отказ и си замина во финишот на јануари селдната година.

Потоа се пресели во МЛС лигата како тренер на Монтреал, но и таму не му оди добро и има само една победа на шест меча.

Барселона најави дека ќе ги контактира сите кандидати до почетокот на идната недела, кога ќе биде објавено името на новиот тренер на тимот.

- Оглас -

Најнови вести