2843 Ница – Монпелје (20.30 часот)
Ова е дуел од осминафиналето на францускиот куп, а Ница имаше потежок пат дотука. Ница, како домаќин и прволигаш, важи за фаворит за победа против Монпелје, кој во моментов е деветти во втората лига. Ница во моментов е далеку од местата кои водат во Европа, а и безбедна е од испаѓање, па Купот им е шанса да пробаат да ги израдуваат фановите. Во минатата сезона, кога испадна од елитното друштво, Монпелје загуби на гостувањето кај Ница, но има две победи на последните четири гостувања кај овој тим.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)
1130 Манчестер сити – Њукасл (21.00 часот)
Сити во овој реванш од полуфиналето на Карабао лига купот влегува со предност од 2-0 од првиот меч и чудо би требало да се случи да не се најде во финалето на „Вембли“, каде што ќе игра против Арсенал. Овој меч нема да биде формалност, но секако Граѓаните се огромни фаворити, им одговара и реми, дури и минимален пораз. Викендов во Премиер лигата, Њукасл прими четири гола од Ливерпул, нема зошто да не прими барем два и од Сити. Чавките во ноември, во премиерлигашки меч го победија тимот на Гвардиола, па ова е шанса за реванш на Сити.
Предлог тип: Т1 1+I&1+II (2.30)
3031 Интер – Торино (21.00 часот)
Тука станува збор за четвртфинале од Купот на Италија. Торино немаше среќа во ждрепката, треба да игра со лидерот на Серија А, и тоа на негов терен. Ова се два тима кои ретко играат нерешено. Интер има само едно реми на последните десет меча, додека Торино нема ниедно реми на последните 13 средби во сите натпреварувања. Последен пат кога Биковите од Торино се вратија непоразени од гостување кај Интер беше во 2018 година, а поминаа десет години од последната победа на Торо на „Меаца“. Последните две меѓусебни средби на овие екипи во Милано беа ефикасни со по пет гола.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.06)
1136 Абердин – Селтик (21.00 часот)
Селтик има шест бода помалку од лидерот Хартс и мора да победи за да остане сериозен кандидат во трка за титулата. Селтик е во добра форма, освои 10 бода во последните четири кола и фаворит е против Абердин, кој е седми на табелата и има четири порази на последните пет меча во шкотскиот Премиершип. Во август 2025, на стартот на сезонава, Селтик победи во Единбург против Абердин со 2-0, а потоа во декември во Глазгов беше 3-1.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.35)
1325 Валенсија – Атлетик Б. (21.00 часот)
Ова четвртфинале на Купот на Шпанија, за Валенсија доаѓа на четири дена пред лигашкиот дуел со Реал Мадрид на „Месталја“ и ова им е како генерална проба. Досега во Купот овие два тима играа со клубови од пониските лиги, па ова им е најсериозен тест. Се игра еден меч, нема шанса за поправен, а со оглед на тоа дека не им цутат розите во Ла Лига, ќе мора да дадат максимум во Купот. Валенсија сезонава има само два порази на „Месталја“. Последните три нивни дуели во Валенсија беа со 0-2 гола, во септември беше 2-0. Се очекува Столе Димитриевски да биде на голот на Лилјаците од прва минута.
Предлог тип: Х било кога (1.67)

