Сити пак ќе пазари дефанзивец од Билбао?

Проблемите во дефанзивната линија го ставија Манчестер сити во лоша позиција, дефицитот на стоперските места се голема мака за Пеп Гвардиола. Тоа е главната причина што англискиот првак дозволува многу повеќе погодоци во својата мрежа оваа сезона, односно бележи лоши резултати, па затоа шпанскиот стратег повторно ќе посегне по играч од Атлетик Билбао.

Станува збор за Унаи Нуњес, 22-годишниот младински репрезентативец кој со Шпанија летово стана европски првак. Оваа сезона запиша вкупно седум настапи за Билбао, а откупната клаузула му е 30 милиони евра, одноно 26 милиони фунти колку што треба да плати Сити.

Ангажманот на Ајмерик Лапорт во 2018 година се покажа како полн погодок, но клучниот стопер на Сити моментално е повреден и не може да му помогне на тимот. Тој чинеше 65 милиони евра, а новата цел на Гвардиола е далеку поевтина.

Гвардиола ќе тргне по потписот на Нуњес во јануарскиот преоден рок, но ќе има конкуренција од Евертон и Вест хем.

- Оглас -

Најнови вести