Сити продолжува да руши рекорди, Германија ваков играч во Премиер лигата немала од времето на Клинсман

Манчестер сити продолжува со рекордите, откако успеа по 16-ти пат во низа да стигне до победа во сите натпреварувања. Граѓаните на свој терен немаа проблем и без многу мака го победија Тотенхем со 3:0.

Со овие три бода, Сити само се зацврсти на врвот на табелата со 53 бода од 23 меча. Вториот Лестер, кој денеска го победи шампионот Ливерпул, има 46 бодови од 24 средби.

Отпорот на Тотенхем беше скршен во средината на првото полувреме кога беше досуден пенал за Сити. Голманот на домаќините, Едерсон се надеваше дека тој ќе добие шанса да шутира, но Пеп Гвардиола го разочара Бразилецот, а шанса да го изведе ударот од белата точка доби Родри.

Во второто полувреме се разигра моментно најдобриот фудбалер на Сити, Илкај Гундоган. Германскиот интернационалец даде два гола и стигна до 11 погодоци во последните 12 првенствни дуели за Сити. Гундоган е првиот Германец кој има двоцифрен број на погодоци во една сезона во Премиер лигата во последните 26 години. Легендарниот Јирген Клинсман во сезоната 1994/95 година даде 15 голови, а Гундоган ако продолжи во ист ритам, без проблем ќе го престигне.

 

- Оглас -

Најнови вести