Едерсон се израдува, но Гвардиола го разочара (Фото+Видео)

Голманот на Манчестер сити, Едерсон не доби исполнување на желбата да го шутира следниот пенал за Граѓаните. Бразилскиот чувар на мрежата побара од Пеп Гвардиола да биде следен изведувач на ударот од 11 метри, откако во претходните неколку обиди од белата точка промашуваа најдобрите фудбалери на Сити.

Денеска, на мечот против Тотенхем, беше досуден пенал за Сити, а Едерсон веднаш тргна напред кон противничкиот шеснаесетник да за го изведе ударот од најстрогата казна. Голманот се фалеше дека е најдобар пеналџија во Сити и без проблем дека би ги шутирал пеналите.

Иако беше подготвен да шутира против Тотенхем, Едерсон беше сопрен во својата намера, а Гвардиола довербата му ја даде на Родри, кој успеа да погоди и тоа со многу среќа. Едерсон разочаран мораше да врати на својот гол.

https://streamable.com/0qqbp5

https://streamable.com/vrdkqp

 

- Оглас -

Најнови вести