По извлекувањето на четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите и можните полуфинални дуели, познати се и коефициентите на осумте екипи и нивните шанси да бидат европски прваци.
Манчестер сити е клубот кој никогаш не играл ниту во финалето, но сепак сега има најголеми шанси да биде освојувач на ЛШ. Коефициентот за „граѓаните“ во Sport Life обложувалниците е 3,25. Зад Сити следи Барселона со коефициент 4. Каталонскиот гигант кој беше шампион во 1992, 2006, 2009, 2011 i 2015 година, сега се надева на нов трофеј во своите витрини. Со коефициент 4,5 е Јувентус, а потоа следи ланскиот финалист Ливерпул со коефициент 7.
Втората четворка на екипи се со многу повисоки коефициенти. Шансите за Манчестер јунајтед се оченуваат со коефициент 12, потоа следи Тотенхем (15 коефициент) и Ајакс со коефициент 20. Вистинска сензација би било во оваа конкуренција на осум екипи, европски првак да стане Порто, кој има коефициент 75 за да биде европски првак.