0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Сити со „десетка“ за третолигашот: Семењо дебитираше со гол и асистенција (Видео)

Фудбалерите на Манчестер сити како на тренинг дојдоа до убедлива победа од 10-1 над третолигашот Ексетер и обезбедија пласман во 1/16-финалето од ФА купот. Пеп Гвардиола може да биде задоволен и од настапот на Родри, кој само вторпат од септември е стартер, а успеа да погоди во 24-тата минута за 2-0.

Дебитантски гол за сениорската екипа постигна Макс Алејни, фудбалерот кој потекнува од академијата на „граѓаните“, а спектакуларно деби за Манчестер сити имаше и новото засилување, Антоан Семењо.

Интернационалецот од Гана за нешто повеќе од еден час на теренот успеа да постигне гол за 6-0, но и да му асистира на Луис за погодокот во 49-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести