-7.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Сити трет пат во низа ремизира, а Гвардиола вели играчите одиграле перфектно

Манчестер сити како полека да го губи чекорот во трката за титулата во англиското првенство, откако синоќа на свој терен одигра само 1:1 против Брајтон. Ова е трет нерешен резултат во низа за Граѓаните кои имаат 43 бодови од 21 меч, што е пет помалку од лидерот Арсенал. Топчиите вечерва имаат дерби пресметка против Ливерпул и со евентуална победа може да избегаат на осум бодови пред Сити.

И покрај ремито против Брајтон, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола вели дека е задоволен.

„Многу, многу сум задоволен од играта на моите фудбалери. Пропуштивме многу шанси. Требаше да дадеме повеќе голови, но не го направивме тоа. Тоа е се за овој меч. Понекогаш даваме голови, понекогаш не. Треба да продолжиме да се обидуваме. Проблемот не е во одбраната, имаме повредени играчи и на другите позиции. Фудбалерите се справија перфектно. Ми се допаѓа начинот на кој играме. Знам дека немаме победа во последните три меча и дека сега е потешко да се стигне до титулата, но ние нема да се откажеме“, рече Гвардиола по ремито на свој терен против Брајтон.

Следниот меч на Сити ќе биде повторно на свој терен и тоа на 10 јануари против нисколигашот Ексетер во ФА Купот, што ќе биде добра шанса да се поправи реализацијата на Граѓаните.

- Оглас -

Најнови вести