6.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Сити за ова чекаше 90 години на „Енфилд роуд“: Граѓаните со фантастичен пресврт го победија Ливерпул (Видео)

Манчестер сити со 2:1 го победи Ливерпул на Енфилд роуд и потврди дека останува во трка за титулата во Премиер лигата. По првото полувреме немаше голови, а главните возбудувања започнаа на 20-тина минути пред крајот. Во 74 минута беше досуден слободен удар за Ливерпул на околу 30 метри, а Доминик Собослаи уште еднаш покажа дека е мајстор за шутеви од далечина.

Унгарецот упати „бомба“ која заврши прво во стативата, па во голот на Џанлуиџи Донарума, кој остана „здрвен“ и само со поглег го проследи овој шут. Евроголот на Собослаи може да го видите ТУКА.

Погодокот на Ливерпул како да беше знак за Манчестер сити да тргне многу поофанзивно во нападот, па гостите брзо израмнија. Во 84 минута по асистенција на Халанд, Бернардо Силва погоди за 1:1 и тој гол може да го видите ТУКА..

Кулминацијата стигна во судиското надополнување, кога во 90+1 минута беше досуден пенал за Сити, а Ерлинг Халанд погоди за 2:1. Се играше 90+10 минута кога Сити постигна и трет гол и тоа преку Черки, но по ВАР проверката, погодокот беше поништен а Собослаи доби црвен картон поради прекршок над Халанд.

Интересно е дека со оваа победа Сити направи еден подвиг кој го немаше 90 години, а тоа е две сезони по ред да победи на „Енфилд роуд“ во првенството.

Сити сега има 50 бодови, само шест помалку од лидерот Арсенал. Ливерпул остана на 39 бодови и е далеку од шансите да го одбрани тронот во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести