Ситуацијата не е добра: Уште еден тим во Серија А пријави дури четворица заразени

Парма се приклучи во низата клубови кои влегоа во проблеми со корона-вирусот. Од таборот на калчолигашот пристигна вест дека дури четворица фудбалери биле позитивни на последното тестирање на опасниот вирус. Иако ниту еден од играчите нема симптоми на вирусот, сите четворица се во изолација.

Протоколот за фудбалското првенство на Италија во време на пандемија вели дека доколку останатите играчи се негативни на вирусот, може слободно да продолжат со тренинзи, а клубот да се подготвува за следниот натпревар. Доколку во Парма има 13-мина здрави фудбалери, без проблем треба да се игра мечот против Удинезе в недела.

 

- Оглас -

Најнови вести