Ситуацијата во Валенсија е алармантна – Клубот нема пари за плати

На Валенсија ѝ се заканува гасење бидејќи клубот нема пари за плати. За да се ослободат од трошок, Лилјаците многу лесно се разделија со капитенот Дани Парехо и Францис Кокелан, меѓутоа има уште неколку играчи кои заработуваат високи плати кои не може да се подмират.

Не само што Валенсија не може да доведе засилувања за новата сезона, туку прашање е дали ќе може да ги задржи членовите кои моментално се во тимот. Доколку не се најде решение наскоро, се најавуваат раскинување на договорите со голем број играчи.

На раководството му останува да најде компромис со играчите, во спротивно им се заканува неможност за настап во сите натпреварувања, како и гасење, а тоа ќе биде вистинска трагедија за овој клуб со богата историја.

- Оглас -

Најнови вести