Скалони: „Сакам Аргентинците да уживаат во моментот бидејќи не знаеме колку ќе трае“

Актуелниот светски шампион, Аргентина, е првата репрезентација од Јужна Америка која го потврди пласманот на Мундијалот следната година. Селекцијата предводена од Лионел Скалони и без Лео Меси го победи Бразил со убедливи 4-1 и така го потврди местото на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

„Сакам Аргентинците да уживаат во моментот. Не знаеме уште колку ќе трае, но во одреден момент сигурно ќе има пресврт. Да се надеваме дека ќе трае уште долго, а во меѓувреме ќе уживаме во играта на тимот и ќе продолжиме максимално да се трудиме. Сè постигнавме само и продолжуваме да го докажуваме тоа, никој не ни помогна. Ние сме најдобрата репрезентација во светот во последните шест години, нека нѐ почитуваат“, рече селекторот на Аргентина, Лионел Скалони.

- Оглас -

Најнови вести