Скамака наместо во ПСЖ, заврши во Вест хем

Вест хем и Сасуоло се договорија околу трансферот на напаѓачот Џанлука Скамака, на сума од 36 милиони евра плус 6 милиони евра во бонуси. Калчолигашот вметна и клаузула од 10% профит при иден трансфер на италијанскиот голгетер.

Скамака учеше од македонската икона Горан Пандев како се забиваат голови, кога сезоната 2020/21 ја мина на позајмица во Џенова. Во ланската сезона постигна 16 погодоци во Серија А на 36 меча.

Инаку Скамака првично требаше да го засили ПСЖ, но направи паметен потег со преселбата во Премиер лигата, каде што ќе биде важен адут на Дејвид Мојс наместо да грее клупа во Париз.

- Оглас -

Најнови вести