На Европското првенство за играчи до 21 година, Франција со 2:1 ја победи Италија во вчерашното дерби. Дуелот ќе се памти и по една спорна ситуација која се случи во финишот од средбата.
Французите водеа со 2:1, но Италија имаше играч повеќе и Аѕурите со сите сили се обидуваа да постигнат гол за израмнување. Во судиското надополнување Беланова шутираше со глава, топката удри во стативата, а потоа дефанзивецот на Франција, Кастело Лубека, ја исфрли во поле.
Италијанските фудбалери веднаш почнаа да се жалат сметајќи дека топката ја поминала гол-линијата, но така не мислеше судијата на овој меч. Во оваа фаза од натпреварувањето за играчи до 21 година нема ВАР-систем, а не се користи ниту технологија за гол-линијата, па едноставно остана судиската проценка, која делува дека не беше правилна, но останува сами да процените.
Goal not given to Italy U21 against France U21
by u/Thefaccio in soccer